Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата повторно ќе се намалат.
Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.34%.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 80.00 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.50 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 82.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.00 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 69.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.