Fast & Furious серијалот ќе го добие своето десетто издание во форма на Fast X – премиерата е закажана за 18-ти Мај и денес ќе го погледнеме најновиот трејлер!
Од улични тркачи до автомобили во вселената – едноставно, не можеме да кажеме дека Fast & Furious филмовите не се забавни. Можеби одамна не се втемелени во реалноста, но дефинитивно се забавни и се фаворит меѓу сите нас кои ги сакаме автомобилите.
Најновиот, десетти филм во Fast & Furious серијалот се вика Fast X и премиерата е веќе закажана за 18-ти Мај во кино-салите на Cineplexx. Како дел од загревањето, да го погледнеме најновиот трејлер!