По намалувањето на цените на бензините минатата седмица, денес Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот.
Откако минатата седмица ги намали цените на бензините за 2.00 односно 2.50 денари, денес повторно нова одлука за намалување на цените на горивата. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.20%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 1.50 денари. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 81.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 83.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3.00 денари и еден литар дизел ќе чини 71.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.