Истражување: Дневните светла го намалуваат ризикот од незгода за 8.8 проценти – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Истражување: Дневните светла го намалуваат ризикот од незгода за 8.8 проценти

Според неодамнешно истражување направено во Мелбурн, Австралија, возилата кои имаат автоматски дневни светла (DRL) имаат помали шанси да учествуваат во сообраќајна незгода.

Студијата направена од страна на Monash University Accident Research Centre во Мелбурн, Австралија, возилата кои имаат дневни светла (Daytime Running Lights – DRL) имаат помали шанси да учествуваат во сообраќајна незгода каде видливоста е еден од придонесувачките фактори. За изработка на студијата користени се податоци од Нов Јужен Велс, Викторија, Квинсленд и Западна Австралија за да се донесе заклучок колку точно DRL светлата придонесуваат кон намалување на ризикот од учество во сообраќајна незгода кога не е темница, кога учествуваат повеќе автомобили и кога видливоста е фактор.

Според објавеното, студијата открила дека има „статисички значително“ намалување на ризикот од 8.8% кога дневните светла имаат улога, и дури поголемо намалување при повисоки брзини и за време на изгрејсонце или зајдисонце.

Во услови на дневно возење, студијата покажала намалување на ризикот од незгода за 7.6 проценти, но кога се разденува или кога се стемнува (и коа прегледноста е намалена) ризикот се намалува за цели 23.8 проценти на патишта каде ограничувањето на брзината било поголемо од 75 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.