На денешната презентација на летното портфолио на Continental, нашите пријатели од Мотоцентар ни ги покажаа новите PremiumContact 7 пневматици, но и уште неколку модели од летната програма на германскиот производител.
Покрај презентацијата на новите модели на Continental, посебен акцент беше даден и на долгогодишната, дводецениска соработка меѓу Мотоцентар и Continental. Од Мотоцентар гордо кажуваат дека Continental е стратешки партнер со кој заедно креираат развојни планови и стратегии.
Новите PremiumContact 7 пневматици на Continental се најновата генерација на еден од најдокажаните модели на брендот. Според претставниците на Continental, успехот на моделот се должик на долгогодишниот развој, широката лепеза на понудени варијанти и врвните технологии кои се дел од PremiumContact.
Токму поради иновативните технологии, Continental разви пневматици со кои постави нови стандарди за безбедност и удобно возење, истовремено подобрувајќи ги перформансите за отпорот при возење и изминатите километри. Дополнително, со примена на соединението „RedChili“ гумите добиваат уште подобри перформанси, во најширок можен температурен спектар. Односно, PremiumContact 7 може да постигне висока стабилност, дури и при ниски температури – што е особено корисно во текот на преодните месеци, во пролет и есен.
„Со производната стратегија на Continental поставуваме нови безбедносни стандарди во патниот сообраќај. Благодарение на прилагодливиот дизајн на шарата на PremiumContact 7, безбедноста, стабилноста и удобноста при возењето се уште подобри, без разлика на временските услови. Како пазарно ориентирана компанија, Continental работи на адаптација на пневматиците наменети за широк опсег патнички моторни возила. Потврда дека ги следиме пазарните трендови во авто-мото индустријата е фактот дека во 2022 година, девет од десетте најуспешни производители на електрични возила, вклучувајќи ги Tesla, Porsche и Mercedes-Benz, се потпреа на технолошката експертиза на Continental при избор на нивната оригинална опрема.“ – ни кажа г-ѓа Наташа Рубије, Регионален Претставник за Продажба во Continental.
„Continental е наш долгогодишен и традиционален стратешки партнер. Нашата компатибилност е содржана во развојните планови и стратегии на двете компании. Во таа смисла, го препознавме пристапот на Continental уште во времето кога за прв пат почна да ги оптимизира пневматиците наменети за електрични возила со цел да постигне поголема ефикасност и помала потрошувачка на енергија. Ова, за нас во Мотоцентар беше сигнал уште поинтензивно да се фокусираме на експонирање и соодветна понуда на пневматиците на Continental за нашите клиенти и потрошувачи.“ – изјави г-ѓа Моника Бошкоска, Маркетинг Директор во Мотоцентар.
Им го честитаме јубилејот на Мотоцентар и Coninental и напоменуваме дека новите Continental PremiumContact 7 се веќе достапни во рамките на дистрибутивната мрежа на Мотоцентар ширум Македонија.