Заврши гласањето од овогодинешното издание на Златно Тркало каде вие ги избравте најпосакуваните автомобили во три различни категории!
Како што се наближуваме кон крајот на уште еден циклус Златно Тркало кој ќе кулминира со свеченото доделување на наградите, денес со особени гордост и задоволство можеме да ги објавиме овогодинешните победници кои ги одбравте токму вие – нашата публика!
Оваа година имавме вкупно 12.875 гласања во три различни категории, а победниците се:
Најпосакуван Семеен Автомобил – Toyota Corolla Cross
Со 30.49% од освоените гласови во категоријата, Toyota Corolla Cross беше изборот на нашата публика кога станува збор за семеен автомобил. Докажаниот квалитет на Toyota во комбинација со одличниот хибриден погон, врвната практичност и одличниот тајминг се силни аргументи – аргументи кои беа повеќе од доволни за Corolla Cross да биде избрана за Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија за 2023!
Најпосакуван Премиум Автомобил – Alfa Romeo Tonale
Новиот Tonale е по многу нешта прв – прв електрифициран автомобил на Alfa Romeo, а воедно и прв компактен SUV на италијанскиот бренд. Комбинацијата од привлечен дизајн, врвните, добро-познати возни својства како и одличното спортско педигре на италијанскиот бренд го препознаа 35.64% од гласачите во категоријата – па Tonale е Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија за 2023!
Најпоскуван Автомобил – Peugeot 408
Со новиот 408, Peugeot понуди автомобил кој е навистина неочекуван и несекојдневен. Новиот 408 крши стереотипи и поставува нови правила во автомобилскиот дизајн. Храбар, поинаков и бесрамно самоуверен, новиот 408 беше изборот на 30.62% од гласачите во категоријата и заслужено е избран за Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија за 2023!
Им честитаме на сите победници – конкуренцијата годинава беше силна и борбата во некои категории траеше до самиот крај. Им благодариме на сите учесници, на нашите колеги од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk, а ви благодариме и на вам – нашите читатели кои ни помогнавте уште еднаш да ги откриеме Најпосакуваните Автомобили во Македонија.