ПРЕМИЕРА: Ferrari Roma Spider – 620 коњски сили под отворено небо! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ferrari Roma Spider – 620 коњски сили под отворено небо!

Купувачите на Ferrari Roma Spider ќе можат под отворено небо да уживаат во 3.9-литарскиот твин-турбо V8 кој испорачува 620 коњски сили и 760 Nm вртежен момент!

Секако, моќниот V8 ја испорачува силата кон задните тркала преку 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка, а сето тоа е доволно за најновиот кабриолет од Маранело да може да забрза до 100 километри на час за 3.5 секунди и да достигне максимална брзина повисока од 320 километри на час.

Но вистинската приказна тука е мекиот покрив кој се отвора за само 13.5 секунди и тоа при брзини до 60 километри на час. Сакате и малку историја во приказната? Ова е првиот Ferrari со предно-поставен мотор и платнен кров од 365 GTS4 од далечната 1969-та година.

Секако, од Ferrari најавуваат дека за Roma Spider ќе бидат достапни „екстензивни опции за персонализација кои вклучуваат софистицирани, специјални материјали и контрастни шевови.“ Секако, не смее да се заборави на комфорот на возачот и совозачот, па Roma Spider има специјален одбојник за ветерот интегриран во наслонот од задните седишта.

Но зошто Ferrari избра Roma Spider да добие платнен кров? Од Ferrari кажуваат дека платнениот кров зазема помалку место во багажникот – кој во оваа конфигурација е со капацитет од 255 литри. Не е многу, но е доволно за еден викенд во италијанските Доломити, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.