Валтери Ботас ги подигна клучевите од неговата Alfa Romeo Giulia GTAm! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Валтери Ботас ги подигна клучевите од неговата Alfa Romeo Giulia GTAm!

Финскиот возач ги подигна клучевите од неговиот нов автомобил – специјалната Alfa Romeo Giulia GTAm.

„Очигледно, јас сум вистински ентузијаст за автомобилите и едноставно го сакам брендот Alfa Romeo. За мене е вистинска чест да се биде амбасадор на брендот, но како сопственик на еден од 500-те примероци на Gulia GTAm – и како клиент. Од технички аспект, ова е фантастичен автомобил развиен во соработка со Sauber Technologies. Искористени се експертизата и техничкото познавање кои доаѓаат директно од Formula 1 – но за нас ентузијастите, овој автомобил е многу, многу повеќе. На свој начин, Giulia GTAm ја воскреснува Giulia GTA од 1965-тата година и ја отелотворува ДНК-та на Alfa Romeo, страстта за моторспортот, уживањето во возењето и уникатниот дизајн.“ – изјави Валтери Ботас.

Инаку, Giulia GTAm е базирана на спектакуларната Giulia Quadrifoglio, но со многу доработки за да биде уште поимпресивна. Благодарение на преработките и екстензивното користење карбон, Giulia GTAm е цени 100 килограми полесна, а 2.9-литарскиот твин-турбо V6 е навиент да испорачува 540 коњски сили. Благодарение на ова, но и екстензивните аеро-доработки и додатоци, супер-спортскиот супер-седан на Alfa Romeo забрзува до 100 километри на час за само 3.6 секунди!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.