Нашите пријатели од компанијата Мотоцентар денес го официјализираа стратешкото партнерство со корејскиот производител на гуми Nexen Tire.
Со официјализирање на партнерството меѓу Мотоцентар и Nexen Tire, Мотоцентар станува официјален дистрибутер за Македонија за целата гама на производи на корејскиот производител.
Nexen Tire минатата година го прослави својот 80-годишен јубилеј, а со неодамнешното отворање на фабриката за гуми во Чешка, корејскиот бренд е поблиску до европските производители на автомобили и веќе кај голем број на производители испорачува пневматици кои се дел од таканареченото „Прво Вградување“.
Како пример кој Nexen Tire посебно то истакнува се новите N’Fera Sport кои се дел од оригиналната опрема за новата, втора генерација на Porsche Panamera. Вреди да се напомене дека Nexen Tire има четири производствени капацитети – два во Кореја, еден ви Кина и еден во Чешка.
„Водени од желбата секогаш да овозможиме врвна понуда пневматици на нашите корисници, драго ми е што Мотоцентар стана официјален дистрибутер на Nexen пневматиците за Македонија. Со овој потег, ја потврдуваме нашата деловна стратегија за континуиран развој и следење како на побарувањата на пазарот, така и на современите трендови во производство на пневматици од аспект на безбедност и на комфорт.“ – изјави г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на Мотоцентар.
Истовремено, свое обраќање и своја презентација имаше г-дин Ивица Васиќ кој е Регионален Менаџер за продажба на Nexen за Балканот. Тој додаде – „Нашата деловна филозофија на мобилност е фокусирана на луѓето. Со високо ниво на квалитет и доверба, креираме нови вредности создавајќи пневматици за нови модели на автомобили од врвните светски брендови на луксузни возила. Партнерството со Мотоцентар, како наш официјален дистрибутер за Македонија се надоврзува токму на оваа филозофија. Во светот на брзината, имаме за цел на нашите корисници да им овозможиме секојдневна поддршка и безбедност.“
Пневматиците на Nexen Tire се веќе достапни во продажната мрежа на Мотоцентар ширум Македонија.