Најновиот извештај на JATO Dynamics ни кажува дека бројот на нови регистрирани автомобили е пораснат за 11% на 907,000 продадени возила.
Dacia Sandero со своите продадени 20,836 примероци го презема водството на Европскиот пазар, со значително водство пред второпласираниот, но најпродаван кросовер – Volkswagen T-Roc, кој забележа 17,754 продажби.
Силни резултати за моделите на Toyota – Yaris и Yaris Cross, кои се приграбија за третото и четвртото место, со регистрирани 16,004 и 15,825 нови возила.
Остварените 14,146 продадени возила на Renault Clio, беа доволни за петтата позиција, пред неговиот Романски “роднина“, кој заврши на шестото место со 12,722 примероци.
Најпродаваниот модел од минатата година Peugeot 208 падна на седмата позиција, како последица на пониската бројка на продадени возила, кој изнесува 13,275.
Последните три позиции од најпродаваните 10 автомобили на Европскиот континент ги заземаа Fiat/Abarth 500, Opel Corsa и Volkswagen Tiguan, со продадени 13,042, 13,003 и 11,860 примероци редоследно.
Она што е необично за оваа табела е недостатокот на Volkswagen Golf, кој овој месец падна на 13тата позиција.
Извор на табелата: @carindustryanalysis