Со задоволство ја објавуваме листата на финалисти кои ќе се борат за титулата Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2023!
Денес официјално го започнуваме најновиот, четврт циклус на изборот за Најпосакуван Автомобил во Македонија кој го нарековме Златно Тркало и го организираме заедно со колегите од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk. Годинава ќе ги бараме најпосакуваните автомобили во три различни категории – Најпосакуван Семеен Автомобил, Најпосакуван Премиум Автомобил и Главната Награда за Најпосакуван Автомобил во Македонија.
Листата на финалисти ја сочинува еклектична колекција од различни автомобили. Имаме електрични и плаг-ин хибридни возила, но и возила кои се нудат во неколку различни погонски опции. Имаме спортско купе, голем луксузен SUV, но и семеен хечбек со долгогодишна и генерациска традиција. Имаме и автомобили кои ги кршат етаблираните граници на сегментите и нудат нешто сосем ново, сосем поинакво! Токму затоа, навистина сме горди и среќни што можеме да ги објавиме финалистите.
Годинава ќе се натпреваруваат следните кандидати:
Најпосакуван Семеен Автомобил
Најпосакуван Премиум Автомобил
Најпосакуван Автомобил во Македонија
Како што гледате, некои од автомобилите веќе сме ги возеле и веќе ги знаете нашите впечатоци. Во следните неколку седмици, ќе им посветиме повеќе внимание на сите кандидатите а потоа ќе започне гласањето на кое токму вие – нашата публика – ќе ги изберете победниците и заедно ќе го најдеме Најпосакуваниот Автомобил во Македонија!