Според најновите статистики од Европската Асоцијација на Производители на Возила (ACEA) купувачите во Европа ги менуваат навиките – сè продаваат се повеќе електрифицирани и електрични возила додека опаѓа продажбата на не-електрифицираните бензинци и дизели.
Според статистиките објавени од ACEA, продажбата на бензинци пораснала за 4.1% кон крајот на 2022 благодарение на зголемена продажба на четири пазари, особено во Италија и Франција. Но и покрај тоа, пазарниот удел на бензинот паднал на 32.5% во четвртата четвртина, во однос на 35.5% во истиот период во 2021. На крајот на годината, автомобилите со чист бензински погон имале удел од 36.4%.
Дизелот забележал мал пад кон крајот на годината, но во текот на целата година е забележан значителен вкупен пад на продажбата од цели 3.1% и пазарниот удел на дизелот во целиот период на 2022 бил 16.4%.
Интересно, во последните 3 месеци до 2022, 53.1% од продадените возила биле „Алтернативно-Погонувани Возила“ (АПВ) – дури 53.1%, односно за само 3 месеци биле регистриранип повеќе од 1.3 милиони возила со некаков алтернативен погон.
Секако, тука се зборува за хибридни, плаг-ин хибридни и електрични возила, или пак возила на природен гас. Годишното учество е интересно – 22.6% биле хибридни електрични возила, 9.4% биле плаг-ин хибридни возила, додека 12.1% биле Батериски Електрични Возила (БЕВ). Продажбата на БЕВ бележи зголемување од безмалку 30% во однос на 2021.
Сето ова интересно ги прикажува навиките и побарувањата на купувачите. Кај нас, на македонскиот пазар продажбата на електрични возила каска (и причините за ова можеме на широко да ги дискутираме) но купувачите во Европа сè повеќе бараат електрични или електрифицирани возила.
Извор: ACEA