Renault и Nissan ќе ја реструктурираат алијансата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault и Nissan ќе ја реструктурираат алијансата

Во заедничка изјава, Renault и Nissan изјавија дека сакаат да ја зајакнат алијансата и да го изедначат сопствеништвото кое двата производители го имаат еден со друг.

Зајакнувањето на алијансата ќе резултира со „максимизирање на созадавање на вредност за сите заинтересирани страни“ и дека компаниите ќе соработуваат на „проекти кои ќе креираат најмногу вредност“ во Латинска Америка, Индија и Европа. Според најавеното, овие проекти ќе вклучуваат „пазари, возила и технологии“.

Сепак, можеби најинтересен резултат од оваа регрупирање во рамките на Renault-Nissan-Mitsubishi алијансата е намалување на сопствеништовото кое Renault го има во Nissan. Во моментов Renault поседува 43 проценти од Nissan, но Nissan е сопственик на само 15% од Renault. Во согласност со новиот план, Renault ќе дислоцира дел од својот удел во Nissan со цел овие бројки да се изедначат. Што значи тоа? Renault ќе префрли соодветен процент од акциите кои ги има во Nissan во трета институција која нема да има право на глас и нема да влијае при носење одлуки. Од Renault најавуваат дека можеби ќе продадат дел од овие акции доколку е „финансиски разумно“.

Од друга страна, Nissan ќе инвестира во Ampere бизнисот на Renault со цел да стане стратешки акционер. Ampere е нова компанија која Renault ја основа минатата година која се фокусира на електрични возила и софтвер за автомобилите. Според официјалните изјави, Ampere цели да „развива, произведува и продава целосно-електрични патнички возила со врвен софтвер и автомобилски технологии“. Под знамето на Renault, секако.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.