Ford се враќа вo Formula 1! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford се враќа вo Formula 1!

По повеќе од 20 години отсуство, Синиот Овал се враќа во Formula 1 – Ford ќе биде партнер на Red Bull Racing!

„Ова е стат на возбудливо ново поглавје во моторспорт приказната на Ford која започна кога мојот прадедо победи на трка која помогна да се лансира нашата компанија“ – изјави Бил Форд. Тој додаде дека „Ford се враќа на врвот на спортот и ќе ја донесе својата традиција за иновации, одржливост и електрификација на една од највидливите сцени на светот.“

Ford ќе влезе во партнерство со Red Bull Racing. Новиот тим ќе се вика Red Bull Ford, а Ford ќе го развива хибридниот мотор кој ќе се користи од 2026 натаму. Интересно, истиот погон ќе го користи и сестринскиот тим на Red Bull Racing – Scuderia AlphaTauri.

Од Ford напоменуваат дека растечката популарност на F1 ширум светот, но и во Америка е еден од факторите кои придонеле да се донесе одлуката за враќање во Ф1. Дополнително, ја напоменуваат и посветеноста кон електрификацијата како дополнителен аспект кој ги привлекол кон Ф1 шампионатот. „Влегуваме во возбудливо ново време за Ford Performance. Ќе се натпреваруваме за да победиме во F1, врвот на моторспортот, заедно со Red Bull Racing“ – изјави Jim Farley, главниот извршен директор на Ford.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.