ПРЕМИЕРА: Audi Activesphere концептот е супер-футуристички кросовер кој се трансформира во пикап! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi Activesphere концептот е супер-футуристички кросовер кој се трансформира во пикап!

Audi преку своите Sphere концепти ги највува идните модели и новиот Activesphere најавува во која насока би се движел електричен купе-кросовер кој се трансформира во пикап за да ги задоволи потребите на оние со активен животен стил.

Супер-ародинамичната силуета на Activesphere јасно и гласно кажува дека ефикасноста го има главниот збор, но мускулестото тело на концептот истовремено нагласува дека ова е концепт наменет за оние со активен животен стил.

Activesphere е придвижуван од два електромотори кои заедно испорачуваат 442 коњски сили и 720 Nm вртежен момент, кон сите четири тркала, секако. Батерискиот модул поставен меѓу предната и задната оска е со капацитет од 100 kWhи овозможува автономија од над 600 километри. Погонот може да се полни со максимална моќност од 270 kW, што пак значи дека полнењето од 5 до 80% трае помалку од 24 минути – доколку имате пристап до доволно брз полнач.

Кабината на Activesphere е подеднакво импресивна како и остатокот од концептот. Во кабината се пристапува преку две огромни врати, а самиот факт дека нема централен столби значи дека пристапот во кабината е навистина лесен. Во кабината се поставени четири засебни столици со интегрирани наслони, а секој патник добива Augmented Reality (AR) очила кои во реално време прикажуваат информации и разно-разни детали.

Сепак, можеби најинтересниот дел на Activesphere е задниот дел. Стаклените панели се поместуваат над кровот и целосно го отвораат задниот простор наменет за багаж – и со тоа Activesphere се трансформира во пикап. Од Audi кажуваат дека во задниот дел има простор за два електрични велосипеди, или пак друга спортска опрема, а во кровот се интегрирани носачи за скии – а сето тоа значи дека Activesphere е подготвен да ве прими вас и вашата спортска опрема и да ве однесе до локациите каде навистина ќе можете да уживате во нив.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi го освежи e-tron GT, врвниот Performance има 925 коњски сили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.