Новиот сопственик на SsangYong одлучи целосно да го ребрендира корејскиот производител на теренски возила.
Корејскиот производител на теренски возила има нов сопственик – KG Group. KG Group е корејска компанија која работи со челик и хемикалии, а од неодамна е сопственик на 62% од SSangYong Motors. Желбите на новиот сопственик е да се остави минатото во минатото и корејскиот бренд да започне нова ера. Во согласност со тоа, SsangYong ќе се ребрендира во KG Mobility.
Претседателот на KG Group – Kwak Jea-sun – изјави дека одлуката да се смени името била навистина тешка, но на крајот одлучиле да се направи целосна промена наместо да се задржи името и само да се исфрли зборот Motor од старата номенклатура. Тој додаде дека името SsangYong има свои фанови, но има и имиџ кој веќе не одговара. Возилата ќе се извезуваат со новото име – KG.
Името треба да биде одобрено на акционерски состанок во Март, но со оглед на тоа дека KG Group е доминантен акционер тоа е само формалност.