C-Series изведбата на Citroen C3 пристигна во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

C-Series изведбата на Citroen C3 пристигна во Македонија

Со новата C-Series, Citroen кај C3 воведува интересни визуелни додатоци, но и подобрена кабина со помодерни материјали.

Citroen C3 C-Series е достапен со атмосферскиот бензинец со 82 коњски сили, 1.2-литарскиот турбо-бензинец со 110 коњски сили, или пак 1.5-литарскиот турбодизел со 100 коњски сили. C3 C-Series добива интересни декоративни детали на екстериерот во бронзена боја, како и декоративен елемент на кровот.

Интересни новитети има и во кабината – на пример, централната конзола е изработена од иновативен ТЕП материјал кој е еколошки произведен и истовремено е навистина пријатен на допир. ТЕП материјалот се користи сè повеќе во автомобилската индустрија и наоѓа примена и кај значително поскапи автомобили.

Меѓу другото, C3 C-Series стандардо доаѓа со декоративните елементи, но и електрично задвижување на предните и задните прозорци, автоматски бришачи со сензор за дожд и автоматски дневни светла, електрично-преклопливи странични ретровизори, автоматски клима-уред…

Секако, C3 и понатаму е еден од најкомфорните модели во класата, како што и му прилега на еден Citroen. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Citroen, или пак салонот во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.