Годината ја започнуваме со навистина тажна вест – од Hoonigans тимот пристигна известување дека во несреќа на моторна санка загина Кен Блок.
Кен Блок беше успешен рели возач, но вистинска автомобилска ѕвезда благодарение на Gymkhana видеата и соработките со огромни автомобилски компании и брендови. Според официјалните информации кои пристигнаа од властите, Кен Блок загинал коа моторизираната санка која ја возел се превртела и паднала врз него. Имаше 55 години.
Кен Блок ќе остане незаменлив талент во автомобилизмот и човек кој инспирираше многумина да го следат во неговите стапки. Низ годините ни понуди навистина многу возбуда со неговите видеа и едноставно нема да го заборавиме. Изразуваме сочувство до неговото семејство.