Volkswagen го најавува освежениот електричен ID.3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го најавува освежениот електричен ID.3

Со неколку официјални скици, Volkswagen најави дека на пролет следната година ќе пристигне освежениот електричен ID.3.

Германскиот производител го најавува освежениот ID.3 како „втората генерација на ID.3“ – а тоа е интересно бидејќи сепак се работи за освежување. Интересно е поради тоа што токму ваквите најави сугерираат дека ID.3 ќе добие позначително освежување како во однос на дизајнот, така и во однос на материјалите во кабината и технологиите кои го придвижуваат.

Визуелните измени највероајтно нема да бидат драстични – препознаваме редизајнирани браници и други ситни детали. Кабината ќе добие нов, 12-инчен мултимедијален уред со нов надграден софтвер. Дополнително, ID.3 ќе добие и освежени инструменти како и поголем хед-ап дисплеј. Дополнително, забележуваме дека ја нема (на две од три скици од кабината) рачката за менувачот која беше поставена до инструментите.

Volkswagen најавува дека многу внимание е посветено на подобрување на квалитетот на материјалите во кабината и истовремено најавуваат дека ќе користат повеќе одржливи материјали и дека нема да користат материјали од животинско потекло. Најавуваат и дека кожниот управувач ќе биде заменет со „високо-квалитетна замена за кожа“.

Освежениот ID.3 ќе биде покажан на пролет следната година, а првите испораки се очекуваат неколку месеци подоцна.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.