Давидовски ќе стартува од првиот ред на последниот WTCR гран при викенд! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Давидовски ќе стартува од првиот ред на последниот WTCR гран при викенд!

Македонскиот возач Виктор Давидовски од Comtoyou Racing ќе стартува од првиот ред на финалниот гран при викенд во Џеда, Саудиска Арабија!

Во саботните квалификации тој успеа да оствари пласман во втората квалификациска сесија, а во неа го зазема 9-то место со време кое беше за нешто повеќе од половина секунда побавно од она на провизорната пол позиција во тој момент. Согласно правилата, тој во првата трка ќе стартува од 9-то место, додека во втората трка кога првите 10 возачи ги ротираат стартните позиции, ќе се најде на второто место од првиот ред.

Давидовски настапува за тимот „Comtoyou“ а неговиот тимски колеги Натаниел Бертон ја има пол позицијата во првата трка. Шампионот на ТЦР Европа, Франко Џиролами, кој исто како Давидовски настапува со „вајлд карта“, ќе стартува од шестото место, откако задоцни нецели три десетинки во својот најбрз круг.

Трките во Џеда ќе се емитуваат директно на програмата на „Еуроспорт“, а во Македонија како снимка ќе ги емитува „Телевизија 24“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.