Не само што ова е трета последователна Златен Волан награда за Opel, туку ова е 20-то вакво признание за германскиот бренд!
Новата Astra и караванот Astra Sports Tourer ги убедија читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag, како и стручното жири – Astra ја заслужува наградата Златен Волан.
Најновата генерација на бестселерот на Opel ја победи конкуренцијата и ја освои една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија како „Најдобар Автомобил до 50.000 Евра“. Истовремено, Opel слави извонредна серија на успеси со новата Astra. Со наградата „Златен Волан за 2022“, производителот за прв пат три години по ред ја добива оваа награда. Во 2020 година, Opel Corsa-e ја освои посакуваната награда, а минатата година Opel Mokka-e. Дополнително, актуелната награда „Златен Волан“ е веќе 20-та за Opel.
„Навистина ја погодивме публиката со новата Opel Astra“ – изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl на церемонијата на доделување на „Златен Волан за 2022“ во Axel Springer Haus во Берлин, и додаде – „Нашата најнова генерација на компактна класа не само што е убедлива, туку и возбудлива, особено како plug-in хибрид. Воодушевени сме што читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG, стручното жири и уредничкиот тим гледаат на ист начин“.
„Новата Astra ја раздрма компактната класа бидејќи има многу квалитети што Ви се потребни за да бидете успешни во овој сегмент. Голем дисплеј, одличен волумен на багажникот и избор на различни погони – сето тоа на една платформа. И ако тоа не ве убеди, само треба да ги испробате ергономските седишта“ – изјави Tom Drechsler, главен уредник и извршен директор на AUTOMOTIVE на BILD Group.
Opel Astra е најновата во гордата линија на добитници на „Златен Волан“ од Opel. Наградата, која од 1976 година ја доделува издавачката куќа Axel Springer BILD am SONNTAG (и од 2009 година во соработка со AUTO BILD) Opel ја освојува по 20-ти пат. Opel за прв пат го освои ова престижно признание во 1978-мата година со Senator A. Понатаму низ годините како добитници на Златен Волан се јавуваат и Calibra, Kadett, Cosa, Vectra, Meriva и многу други модели на Opel.
На патот до победата на „Златен Волан“, читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG се секогаш први во редот. Тие гласаат за новите модели и на тој начин ги избираат своите три фаворити во секоја категорија за финалето. На тркачката патека DEKRA Lausitzring во Германија, истакнато жири составено од новинари, возачи на трки и експерти за автомобили ги испитува поединечните финалисти според критериумите засновани на шемата за тестирање на AUTO BILD.
Честитки Astra!