Новата Opel Astra е прогласена за „Компактен автомобил на годината во Германија за 2023 година“ од страна на независното стручно жири на German Car Awards.
German Car Awards ја избра новата генерација на Astra и Astra Sports Tourer за најдобар автомобил од компактна класа во Германија, далеку пред конкурентите во овој сегмент. Иновативните безбедносни технологии, кои Opel ги прави достапни за широк спектар на купувачи во компактната класа со новата Astra, го убедија жирито од 27 автомобилски експерти и новинари исто како и широката палета на погонски единици, вклучувајќи го и електрифицираниот plug-in хибрид со кои возачите на Astra можат да патуваат без штетни емисии. Жирито, исто така, го пофали привлечниот, прогресивен дизајн заедно со уживањето при возење и вредноста за парите што ги нуди Astra. Престижната награда официјално беше доделена вчеравечер на церемонија во Bad Dürkheim, Германија.
„Наградата за „Автомобил на годината во Германија“ во компактната класа за Astra и Astra Sports Tourer уште еднаш покажува дека најновата генерација не само што е вистински предизвикувач туку го има и она што е потребно за да биде победник во секој поглед. “ – изјави Andreas Marx, Бренд менаџерот на Opel во Германија.
„Opel Astra се издвојува во својот сегмент како вистински сеопфатен модел, што го убеди нашето жири во секој аспект. Патем, ова важи и за емотивните критериуми како што се дизајнот и уживањето при возење, каде што јасно се издвојува од конкурентните модели“ – изјави Jens Meiners од жирито на GCOTY.
За време на деталните тест возења, судиите внимателно ја разгледаа новата Opel Astra. Беа земени предвид однесувањето при возење, употребливоста, удобноста и многу други аспекти. Дисциплини во кои блеска најновата генерација на бестселер од компактната класа. Со моќност од 133 kW/180 КС и силен вртежен момент од 360 њутн метри, електрифицираната Astra plug-in хибрид нуди чисто задоволство при возење. Ние веќе ја возевме новата Astra на наш, домашен терен, а во домот на Opel во Германија бевме да ја возиме Astra Sports Tourer.
Наградата „Автомобил на годината во Германија“ годинава се доделува по петти пат. Независното жири составено од експерти, моментално составено од 27 членови, ги избира соодветните победници во класата во пет категории – компактен, премиум, луксуз, нова енергија и перформанси. Изборот на учесниците на натпреварот се врши врз основа на објективна цена и критериуми за достапност на пазарот. Изборoт за прв пат се одржа во 2019 година.