Во салонот на Ford пристигна електричниот Mustang Mach-E! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Ford пристигна електричниот Mustang Mach-E!

Во салонот на Ми Да Гранд Моторс пристигна целосно-електричниот Ford Mustang Mach-E!

Интересен и важен новитет пристигна во салонот на Ford во Скопје – а тоа е целосно-електричниот Mustang Mach-E!

Дизајнот е мускулест и модерен, но истовремено јасно и гласно влече инспирација од мускулестиот V8 автомобил. На предниот ги истакнуваме острите светла и симулираната маска на ладилникот, како и Mustang логото кое гордо стои на средина.

Страничната силуета е мускулеста и динамична, додека на задниот дел приматот го земаат големите задни светла кои – повторно – очигледно влечат потекло од Mustang. Заострената кровна линија и спојлерот му даваат на кросоверот привлечна, купеовска форма.

Кабината е модерна и минималистичка, со голем, вертикално-поставен мултимедијален уред на средината на предната конзола, како и помал дисплеј поставен директно пред возачот. Пристигнатиот примерок е со многу дополнителна опрема – забележавме Bang & Olufsen премиум аудио уред, панорамски стаклен кров и многу, многу повеќе. Има и интересни детали, како на пример предниот багажник со капацитет од 136 литри.

Mustang Mach E е достапен во неколку различни конфигурации – пристигнатиот примерок е со најголемата батерија со капацитет од 98.7 kWh, како и погон на сите четири тркала. За повеќе информации околу електричниот Mustang Mach-E посетете го салонот на Ford во рамките на Ми Да Гранд Моторс, или пак погледнете ја официјалната веб-страница.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.