Најновата, трета генерација на еден од најпродаваните модели на Range Rover пристигна во Македонија, во салонот на Аутомобили Груп во Скопје!
Новата, трета генерација на Range Rover Sport е поставена на новата MLA-Flex платформа која ја дели со уште поголемиот Range Rover – но Sport го карактеризира подинамичен и поатлетски дизајн со современи дизајнерски елементи – од тенките предни и задни светлосни групи, преку чистите, достоинствени линии на профилот па сè до спортските детали како големите тркала и нагласениот заден спојлер. Истовремено, новиот Sport е и (за SUV) навистина аеродинамичен и има отпор на воздухот од само 0.29 Cd.
Бовиот Sport ги добива сите врвни теренски технологии кои ги има и големиот Range Rover, а достапни се и нови погонски опции. Лепезата на мотори кои ќе се нудат на европскиот пазар вклучува турбо-бензинци, лајт-хибриди, плаг-ин хибриди и модерни турбодизел опции.
Без разлика која погонска опција ќе ја одберете, ќе добиете 8-брзински автоматски менувач и погон на сите четири тркала а најавена е и целосно-електрична варијанта која ќе пристигне во 2024.
Првите впечатоци се дека новиот Sport е доминантен, забележлив автомобил – но со онаа доза на британска гордост и рафинираност. Неговиот монолитски став наметнува доминантност и Sport едноставно се издвојува од конкурентите. Секогаш ни се допаѓале дизајните на Range Rover – и ниту овој пат не е поинаку.
Кабината е соодветно-опулентна – доминираат супер-квалитетни материјали, цели хектари фина и скапа кожа и врвна завршна изработка каде се забележува вниманието кое го посветиле дизајнерите, инженерите и мајсторите на Range Rover.
Пред возачот е поставен голем 13.7-инчен Interactive Driver Display, додека на централната конзола е 13.1-инчниот екран наменет за Pivi Pro. Секако, системот доаѓа со Android Auto и Apple CarPlay поврзување, а тука се и Meridian премиум аудио уредот со 29 звучници и многу, многу повеќе.
Новиот Range Rover Sport повторно ќе се наметне како избор за оние кои го разбираат британскиот пристап кон луксузот. Теренските таленти се неизбежни – сепак зборуваме за Range Rover – но новиот Sport навистина има со што да се гордее. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Land Rover Македонија, или пак посетете го салонот на Аутомобили Груп во Скопје.