Audi официјално влегува во Formula 1! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi официјално влегува во Formula 1!

Германскиот бренд пред само неколку моменти официјално објави и потврди дека ќе се приклучи во F1 шампионатот од 2026!

Audi влегува во премиер-класата на светскиот моторспорт и од 2026 ќе се натпреварува во FIA Formula 1 Светскиот Шампионат со специјално-развиена погонска единица. Од Audi кажуваат дека ќе бидат базирани во Audi Sport објектите во Neuberg, близу Инголштад – и за прв пат по повеќе од 10 години F1 погон ќе биде развиван и произведуван во Германија.

„Моторспортот е интегрален дел од ДНК-то на Audi“ – изјави Markus Duesmann, претседателот на одборот на Audi AG, и додаде – „Формула 1 е глобална сцена за нашиот бренд, но и развојна лабораторија за вистински предизвици. Комбинацијата од високи перформанси и натпревар е водич на иновациите и технолошкиот трансфер во нашата индустрија. Со новите правила, сега е вистинското време за ние да се инволвираме.“

Новите правила кои стапуваат на сила од 2026 се фокусираат на поголема електрификација и напредни одржливи горива. Покрај лимитот на трошоци кој веќе постои за тимовите, од 2023 се воведува и лимит на трошоците за производителите, а Fomula 1 сака да биде јаглеродно-неутрален спорт до 2030.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.