Трет триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Трет триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup

Актуелниот лидер во првенството на Македонија во Twingo Cup, Марко Блажевски со нов триумф на патеката Гробник, Хрватска го зголеми водството во генерален пласман и направи серија од три победи по ред.

Во конкуренција на 36 возачи, на трката на Гробник од шест земји Марко Блажевски се до последниот свиок беше во водство и блиску до триумф во генерален пласман, но „заробен“ од неколку Словенци немаше шанса на последниот правец пред целта да ја задржи брзината и во фотофиниш сепак му избега подиумот.

Првите шест возачи во генерален пласман што се бодуваше и за ЦЕЗ и за првенството на Словенија, беа во временска разлика од помалку од една секунда и целата трка беше возбудлива, па дури и безбедносното возило излезе на патеката на 13 минути пред крајот. Туркања, престигнување, интересни дуели имаше во текот на целата трка, нешто по што Twingo Cup е препознатлив и поради што има и толку натпреварувачи.

Покрај Марко Блажевски кој победи, на пиедесталот во бодувањето за првенството на Македонија се најдоа и Давид Малинковски кој беше второпласиран и Зоран Мираковски како третопласиран. Со триумфот на Гробник сега Блажевски има 75 бода, десет повеќе од актуелниот првак Давид Малинковски кој има 65 бод аи на трката беше второпласиран. Зоран Мираковски по третпат се искачува на пиедесталот сезонава и со новите 12 бода сега има 46 бодови во генерален пласман.

На Гробник беа планирани две трки од Twingo Cup; но вториот натпреварувачки ден беше целосно откажан по инцидентот со фатални последици што се случи на едночасовната трка на издржливост Endurance. Организаторот реши да ги откаже сите трки од неделата, меѓу кои и оние од Twingo Cup.

Поврзано:  Официјално отворен новиот продажен центар на Dacia и Nissan

На патеката на Гробник имаше пријавено рекордни 38 возачи, а се појавија вкупно 36 од шест земји. Осуммина Македонци имаше на стартот и во квалификациите. Блажевски во квалификациите го освои седмото место и беше наш најдобра возач, а очекуваше и подобар резултат, но поради екстремно жешкото време имаше проблеми со притисокот во гумите. Поради многуте возила на патеката тешко беше да се постигне најдобро време бидејќи имаше многу сообраќај и требаше многу знаење па и среќа да се најде идеалната линија за постигнување најбрзо време.

Од самиот почеток се создавање мешаница на патеката но Блажевски остана на седмото место и после неколку кругови веќе напредуваше неколку места, па и привремено беше и лидер. Многу туркање, возење еден зад друг, а Блажевски изби напред и притискаше да стигне како првопласиран. Последните кругови возеше на првото место, одлично се држеше но возилото немаше доволно сила на им се спротивстави на ривалите особено на долгите правци. Затоа и на стартно-целната рамнина беше престигнат, а победникот беше решен со фотофиниш.

Но, и покрај тоа четвртото место е одличен успех за Блажевски кој покажува дека има потенцијали и квалитет да биде во самиот врв на колоната. На втората трка требаше да тргне од четвртото место, но таа трка беше откажана.

Давид Малинковски за малку не влезе во Топ-10 на трката, но важно е што немаше сериозни инциденти, беше избегната мешаница, а напредуваше десетина места во однос на стартот. Уште од самиот старт престигна неколку возила, и полека напредуваше. Сега е втор во генерален пласман на Македонија, и веднаш зад Блажевски. Планот на Малинковски беше оваа трка да ја извози сигурно, да биде што е можно повисоко пласиран, и на втората трка утре да брка висок пласман.

Зоран Мираковски заврши како третопласиран во првенството на Македонија, и по третпат сезонава се искачува на пиедесталот. Трката ја заврши со оштетување на десниот браник, но сепак стигна на целта и освои бодови со кои останува во борба за првите три места во генерален пласман во првенството на Македонија.
Поради мало излетување во почетните кругови Владимир Тренески од 12. место падна меѓу последните. Во прилог му одеше излегувањето на безбедносното возило, но немаше доволно време да направи поголем пресврт па стигна како 20 на целта, односно 6. во првенството на Македонија.

Поврзано:  Новиот Symbioz пристигна во салонот на Renault во Скопје

На трката во Хрватска дебитираше и Бојан Костовски, помладиот брат на ланскиот вицепрвак Мартин Костовски. Младиот Бојан не ја заврши трката поради проблеми со моторот и прегрејување.

Генерален пласман по пет трки во Twingo Cup во првенството на Македонија: Марко Блажевски 75 бода, Давид Малинковски 65, Владимир Тренески 49, Ангелче Стојковски 48, Слободан Трајковски 46, Зоран Мираковски 46, Борис Стојменов 19, Ненанд Костовски 12, Мурис Камзиќ 8 бодови.
Следен тркачки викенд оној што треба да се вози на патеката кај Брно, Чешка од 9 до 11 септември.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.