Continental е прогласен за Производител на Пневматици на Годината според TTI – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Continental е прогласен за Производител на Пневматици на Годината според TTI

Магазинот кој ја покрива индустријата за производство на пневматици – Tire Technology International – го прогласи Continental за Производител на Пневматици на Годината.

Наградите кои TTI ги доделува – TTI Awards for Innovation and Excellence – се меѓу најважните признанија во индустријата и ги препознаваат најновите случувања и развои во технологиите за пневматици ширум светот. Оваа година критериумите за избор се фокусираа на подобрување на безбедноста и одржливоста, а наградите ги доделува интернационално жири од повеќе од 20 новинари и водечки експерти од индустријата за пневматици.

Уредникот на TTI изјави дека „наградата за Производител на Пневматици на Годината е категорија во која борбата е секогаш тесна. Навистина ни е задоволство што Continental ја добива оваа награда по трет пат, особено на домашен терен. Жирито беше импресионирано од успесите и постигнувањата на компанијата изминатата година, вклучувајќи и и ContiRE.Tex, широкиот дијапазон на истражувачки соработки како и Conti GreenConcept пневматтиците. Посветеноста кон иновациите и одржливоста го прави Continental повеќе од заслужен добитник на наградата.“

Истовремено, Bernd Korte, потпретседател за за развој и индустријализација во Continental изјави дека „Многу сме почестени што ја добиваме овогодинешната награда за Производител на Пневматици на Годината од TTI. Таа е мотивација за нас да продолжиме на патот кој го одбравме – континуирано да инвестираме во развојот на нашите пневматици и да значително да придонесеме кон безбедна, ефикасна и еколошка мобилност.“

Како што напоменавме, Continental по трет пат ја добива оваа престижна награда во изминативе осум години, а со тоа навистина ја наметнува неговата длабока посветеност кон водечки иновации кои ги имаат безбедноста и одржливоста во својата срж. Застапници за Continental во Македонија се нашите пријатели од Мотоцентар.

Поврзано:  Continental SportContact 7 доминираше на тестовите на летни гуми на европските автомобилски клубови

Извор: PR Continental



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.