Германскиот тјунер XS Carnight подготви навистина секси нова Opel Astra – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Германскиот тјунер XS Carnight подготви навистина секси нова Opel Astra

Opel и германската тјунерска куќа XS Carnight подготвија специјална верзија на новата Astra, поставена на воздушна суспензија и огромни 20-инчни тркала.

Од Opel кажуваат дека соработката со XS Carnight ќе им помогне да го подобрат својот имиџ кај тјунерите и фановите на модифицирани возила. Со оглед на финалниот производ – навистина не се сомневаме во тоа.

Тјунираната Astra како основа ја користи плаг-ин хибридната изведба на германскиот хечбек, но додадена е воздушна суспензија од Grinds, како и засебни сензори за височина, во комбинација со делумно-оригиналната суспензија. Ова дозволува висината на тјунираната Astra да биде нагодена по желба – а нашиот став секогаш бил дека пониските автомобили изгледаат подобро.

Дополнително, додадени се и (огромни) 20-инчни ковани тркала изработени од RVNT Forged, кои се обвиени во пневматици со супер-низок профил, а од Opel напоменуваат дека овие тркала се само „за покажување“.

Го поздавуваме изборот на Opel и XS Carnight да не додадат никаков бодикит – на новата Astra едноставно не ѝ треба. Едноставно, ја префарбале во сјајна бела боја и додале традиционални Opel Motorsport детали – и тоа е тоа. Не треба повеќе.

Ако иднината на тјунингот е плаг-ин хибридна и изгледа волку добро – немаме ама баш никаков проблем со тоа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.