Најновата генерација на супер-луксузниот британски благородник од денес може да се погледне во салонот на Jaguar Land Rover во Скопје.
Со целосно-новиот Range Rover, британскиот бренд воведува нови стандарди во сегментот на супер-луксузни теренци. Достоинствениот, монолитски дизајн и спокојната, високо-технолошка и благородна кабина го издвојуваат Range Rover и го поставуваат на самиот врв во сегментот, а технолошката доминација се потврдува и преку целосно-електричната верзија која за прв пат ќе биде достапна кај британскиот аристократски SUV.
Range Rover е поставен на целосно-новата MLA-Flex архитектура на JLR. Оваа модуларна архитектура овозможува големиот луксузен SUV да биде понуден со традиционален мотор на внатрешно согорување, како плаг-ин хибрид, или пак како целосно-електрично возило.
Дизајнерски – новиот Range Rover делува (благо кажано) импозантно. Предната маска е подискретна, светлосните групи се затегнати, а на браникот има само еден отвор за воздух. Профилот е очигледна еволуција на минатиот модел – но навистина, таму и нема што многу да се менува. Најголемите разлики се забележуваат на задниот дел, каде дизајнерите одлучиле да ги спојат задните вертикални светлосни групи со хоризонтален панел – што на новиот Range Rover му дава препознатлив и уникатен заден дел.
Секако, Range Rover е достапен само со погон на сите четири тркала, а стандардно доаѓа и со управување и на задните тркала. Дополнително, го добива најновиот Terrain Response систем со активен заден диференцијал.
Стандардно доаѓа и со воздушна суспензија и адаптивни амортизери, како и 48-волтен систем за контрола на навалувањето. Но немојте да мислите дека нема теренски способности – официјалните податоци говорат за можност за минување низ вода длабока до 90 сантиметри, како и за врвни теренски системи подготвени за секакви предизвици.
Достапни се две „должини“ – односно две различни меѓуоскини растојанија, а во кабината очекуваме (и добиваме) врвна опулентност. Пред возачот е поставен 13.7-инчен екран со инструменти, додека на централната конзола има уште еден, 13.1-инчен екран наменет за мултимедијалниот уред.
Но можеме да одиме понатаму – па на задните седишта има опција за 11.4-инчни екрани, како и поврзување со Amazon Alexa, но и можност за напредна noise-cancelling технологија благодарение на Meridian премиум аудио уредот.
За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страница или пак салонот на Range Rover.