Ford Bronco сепак ќе пристигне во Европа – но во ограничени количини – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Bronco сепак ќе пристигне во Европа – но во ограничени количини

Со оглед на интересот кој купувачите во САД го покажаа за новиот ретро-инспириран SUV, Ford одлучи сепак да го понуди Bronco во Европа.

Ford официјално потврди дека „некои европски пазари ќе го добијат Bronco во ограничени количини“. Сега за сега не знаеме на кои пазари ќе пристигне Bronco, но очекуваме тоа да биде во земји со традиција за купување на вистински теренци. Сепак, од Ford потврдија и дека нема да има конверзија за управувачот да биде на десната страна – што значи дека Обединетото Кралство, традиционално одличен пазар на Ford нема да го добие Bronco.

Сепак, знаеме дека ќе бидат достапни различни големини на тркала, како и сите системи кои Ford ги нуди за теренско возење. Достапни ќе бидат и многу додатоци – дополнително осветлување, носачи за опрема, надворешни шатори и многу, многу повеќе. Секако, повеќе информации ќе имаме кога ќе се наближи лансирањето на Bronco во Европа, а тогаш ќе знаеме и дали купувачите во Европа ќе го добијат само 2.3-литарскиот EcoBoost со 300 коњски сили, или пак ќе го добиеме и 2.7-литарскиот EcoBoost V6 со 335 коњски сили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.