Jaguar воведува 5-годишна гаранција за сите свои модели – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar воведува 5-годишна гаранција за сите свои модели

Британскиот производител на луксузни автомобили од денес преминува од 3 на 5-годишна гаранција за сите свои модели.


Петгодишна гаранција на Jaguar е за за сите возила од програмата, вклучувајќи ги целосно електричниот модел Jaguar I-PACE и сите делумно хибридни и плаг-ин хибридни електрични возила.

Оваа одлука значи дека Jaguar е првата компанија за луксузни возила што го продолжува својот гарантен период над стандардниот период од три години за оваа индустрија. Во период од пет години, или за изминати 150.000 km, зависно од условот што прв ќе се исполни, Jaguar ќе поправа или заменува дефекти од производството во согласност со регулативите од гаранцијата во материјал или работна рака, целосно бесплатно.

Понуда на производ со врвен луксуз и искуството на клиентот се во сржта на стратегијата Reimagine на Jaguar. Воведувањето на 5-годишна гаранција на сите нови возила на Jaguar претставува важен чекор кон совршенство во искуство со сервисот, што на клиентите на Jaguar им обезбедува поголемо спокојство додека го поседуваат возилото.
Сеопфатната гаранција на Jaguar значи пет години на слобода и гаранција за сопствениците на возилата, возните паркови и приватните корисници и нуди транспарентност во сервисирањето и трошоците за одржување.

Jaguar очекува новата петгодишна гаранција да има позитивно влијание врз остаточната вредност на секое возило во гамата. Ова се добри вести за клиентите бидејќи стабилните остаточни вредности на крај се претвораат во пониски месечни рати за изнајмување.

Дмитриј Колчанов, регионален директор за Европа на Jaguar Land Rover, изјави: „Со воведување на новата, 5-годишна гаранција за Jaguar во Европа, дополнително ја демонстрираме нашата посветеност на квалитетот и сигурноста на нашите производи и нашиот фокус кон совршен сервис за клиентите. Нашата идна визија за врвниот луксуз е целосно насочена кон клиентот и тоа треба да значи спокојство за секој што размислува за Jaguar“.

Застапници за Jaguar во Македонија се нашите пријатели од Аутомобили Груп. За повеќе информации, можете да ја посетите официјалната веб-страница на Jaguar или салонот на британскиот бренд во Скопје.

Поврзано:  Jaguar C-X75 повторно се враќа

Извор: PR Jaguar



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.