Новото лого на романскиот бренд се вика Dacia Link и сите возила кои ќе бидат нарачани од утре ќе ја носат новата ознака.
Покрај новото лого, сите модели на Dacia добиваат и дискретно редизајнирана предна маска на која тоа ќе биде поставено. Со измените, се менуват и задните ознаки на возилата – на задниот дел нема да го има DC логото, туку името DACIA во големи букви.
Со новото лого, Dacia ја продолжува трансформацијата и модернизацијата. Се воведуваат и нова боја која се вика Lichen Khaki, а Sandero Stepway и Duster добиваат нов Monolith Grey финиш за кровните носачи, страничните ретровизори и предните и задните заштитни панели.
Промената на ознаките продолжува со капачињата на тркалата кои ќе го носат DC логот, додека на управувачот ќе стои целосно DACIA име.
Гамата на Dacia во моментов се состои од Spring, Sandero, Sandero Stepway, Logan, Duster и Jogger, а најавен е и големиот Bigster кој беше претставен во концептуална форма пред неколку месеци.