Afriq е најновиот проект на студентите од едукативниот центар на Skoda – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Afriq е најновиот проект на студентите од едукативниот центар на Skoda

Afriq е рели-верзија на супер-популарниот Kamiq, но со неколку значителни доработки – меѓу кои и AWD систем од Octavia!

Откако одлучиле дека Kamiq ќе биде основата за новиот проект-автомобил, студентите во едукативниот центар на Skoda инвестирале преку 2000 часови во трансформацијата и по четири месеци работа го гледаме Afriq.

Трансформацијата е прилично екстензивна – од компактен кросовер со пет врати, Afriq е теренски SUV со три врати, проширена каросерија, рели-инспирирани додатоци, дополнително осветлување и многу, многу повеќе.

Под кожата се крие погон на сите четири тркала кој влече потекло од Octavia (во неговите сериски изведби, Kamiq не се нуди со погон на сите четири тркала), а задолжен за придвижување на Afriq е 2-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 190 коњски сили и 320 Nm вртежен момент.

Како што напоменавме, силата се испорачува кон сите четири тркала, а за преносот е задолжен DSG автоматски менувач со 7 брзини. Секако, екстензивни преработки има претрпено и кабината, па веќе го нема стандардниот ентериер. Забележуваме две спортски седишта, како и многу рели-ориентирани додатоци.

Во кабината гледаме и супер-прецизен навигациски уред од Garmin, а можеби најинтересниот додаток е генераторот за вода од израелската компанија Watergen. Овој екстрактор успева да извлече чиста, питка вода од влажноста во атмосферата, па возачот и совозачот секогаш ќе имаат свежа и филтрирана вода на располагање.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.