Со освежувањето, популарниот SUV на Škoda доби дискретно затегнат дизајн, поефикасни мотори и посовремени технологии.
Визуелните измени се прилично дискретни – на предниот дел забележуваме редизајнирани и потенки предни светла (кои сега имаат LED Matrix технологија), редизајниран браник со поголеми отвори за воздух и нова маска на ладилникот.
Профилот е непроменет, но добиваме нови дизајни на тркалата со дијаметар од 17 до 19 инчи, а одредени тркала добиваат и пластични аеро-елементи за подобрена аеродинамика. Задниот дел добива редизајнирани задни светла позаострени детали на задниот браник.
Интересно, сите овие измени позитивно влијаат на аеродинамиката, па Karoq сега има коефициент на отпорот од само 0.30 Cd.
Кабината на Karoq сега стандардно ќе доаѓа со 8-инчни дигитални инструменти, а ќе може да се нарача и 10.25 инчен панел. Надградени се и инфозабавните уреди а најголемиот е со дијагонала од 9.2 инчи. Сите мултимедијални уреди доаѓаат со соодветни апликации – како што се Вести, Временска Прогноза и Календар.
Секако, системите имаат целосна поддршка за Android Auto и Apple CarPlay. Освежениот Karoq може да има и до 9 воздушни перничиња, а добива системи како Park Assist, Trailer Assist, Area View, Travel Assist итн.
Во однос на портфолиото на погонски единици, Karoq на нашиот пазар се нуди со 1.5-литарскиот TSI со 150 коњски сили кој може да се комбинира со мануелен или автоматски менувач и погон на предните тркала. Доколку сакате турбодизел, тука е одличниот 2-литарски TDI со 115 или 150 коњски сили, кој може да се комбинира со мануелен или автоматски менувач, а за посилната верзија достапен е и погон на сите четири тркала.
Цените започнуваат од 26.340 Евра. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница.