Македонска премиера на новата BMW Серија 2 Active Tourer – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска премиера на новата BMW Серија 2 Active Tourer

Новата генерација на популарното повеќенаменско возило на BMW пристигна и во Македонија – денес беше претставена новата Серија 2 Active Tourer.

„Новиот BMW Серија 2 Active Tourer е одговор на предизвиците на секојдневното урбано живеење: спој помеѓу потребите за урбани активности и активности во природа, индивидуалниот и фамилијарниот живот, градските и далечните патувања. Тој им нуди на патниците сместени на неговите пет седишта, забележително подобра удобност на подолги растојанија отколку неговиот претходник. Со совршен спој на префинетост и практичност, тој е се што и треба на современата фамилија“ – изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар.

Новата Серија 2 Active Tourer е темелно редизајнирана и воведува дизајнерски елементи кои се покажуваат како контроверзни – секако тука највеќе внимание оди кон големата предна маска, односно големите предни бубрези. Но ќе признаеме дека дизајнот е свеж и современ, па предната маска некако и не ни смета премногу. Профилот е заострен и повеќе наликува на конвенционален хечбек, а на задниот дел забележуваме остри светлосни групи.

Геометријатата на кабината и многуте детали се инспирирани од концептот на внатрешноста на импозантната BMW iX технологија, Ова создава прогресивен премиум амбиент, чии најважни елементи ги вклучуваат тенката инструмент табла, BMW Curved Display, заснован на новиот BMW Operating System 8 „лебдечкиот“ потпирач за раце со интегрирана контролна табла и сеопфатно намалување на бројот на физички контролни елементи. Внатрешната камера е еден корисен и забавен новитет кој им овозможува на патниците да си направат селфи фотографија за време на патувањето и да си ги испратат фотографиите на својот смарт телефон.

Поврзано:  M3 CS Touring е ултимативниот караван на BMW

Прогресивниот премиум карактер на новиот BMW Серија 2 Active Tourer е нагласен и со обемната стандардна спецификација. Неговата едноставна функционалност и опсегот на стандардна опрема – која значително ја надминува опремата на неговиот претходник – го прават новиот BMW Серија 2 Active Tourer особено атрактивен за активните луѓе со динамичен стил на живеење.

Дополнително, според BMW новата Серија 2 Active Tourer е предводник во компактниот сегмент кога станува збор за системи за помош на возачот, контрола/работење и комуникациски иновации. Стандардната спецификација вклучува: BMW Maps систем за навигација, спортски кожен волан, двозонски автоматски клима уред, Parking Assistant заедно со Reversing Assist Camera и Reversing Assistant, Cruise Control со brake function, Lane Departure Warning, сензор за дожд со контрола на бришачи и автоматско активирање на предните светла и многу други системи кои го олеснуваат возењето и го зголемуваат уживањето.

Новата BMW Серија 2 Active Tourer е веќе во продажба и достапни се четири варијанти на моделот, сите со погон на предните тркала и со мотори кои испорачуваат меѓу 136 и 218 коњски сили.

Новиот модел се произведува во фабриката на групацијата BMW во Лајпциг и ќе се нуди со мотори со внатрешно согорување, како и со plug-in хибриден погон. Две нови plug-in hybrid верзии ќе се приклучат на серијата неколку месеци по претставувањето. Кај нив за првпат ќе биде вклучена BMW eDrive технологија од петтата генерација, која ја зајакнува динамиката и им дава значително подолг електричен опсег, односно околу 90 километри на батерии.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.