ПРЕМИЕРА: Lamborghini Huracan Tecnica – 640 коњски сили, погон на задните тркала и луд аеро-пакет! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Lamborghini Huracan Tecnica – 640 коњски сили, погон на задните тркала и луд аеро-пакет!

Во хиерархијата на Lamborghini, новиот Huracan Tecnica е поставен меѓу „основниот“ Huracan EVO и лудиот STO кој е наменет примарно за тркачите патеки.

Од Lamborghini кажуваат дека Tecnica е развиен да биде супер-забавен, како на улиците, така и на тркачките патеки, и дека е наменет токму за возачите кои бараат забава во возењето. Huracan Tecnica го користи истиот атмосферски V10 кој се вградува во Huracan, но во оваа конфигурација врескачкиота атмосферец испорачува 640 коњски сили и 565 Nm вртежен момент – исто како во STO.

Визуелно, Huracan Tecnica се разликува преку визуелните елементи преземени од хипер-автомобилот Sian, но и концептот Terzo Millenio. Препознаваме и редизајнирани страници, како и нови големи тркала инспирирани од Vision GT – дизајнерите на Lamborghini очигледно црпеле инспирација од концептите и супер-ексклузивните модели на брендот. Задниот дел добива вертикално-поставен заден прозорец и карбонски поклопец на моторот, како и шестоаголни завршетоци на издувниот систем.

Според Lamborghini, задниот спојлер нуди 35-процентно подобрување на потисната сила во однос на EVO RWD, додека насочувачи на воздухот поставени под автомобилот го намалуваат отпорот за дури 20%.

Резултат на сето ова? 100 километри на час за 3.2 секунди и сега за сега необјавена максимална брзина. Huracan Tecnica добива и управување на задните тркала, карбон-керамички сопирачки, интегриран систем за контрола на сите модули и многу, многу повеќе.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.