Hertz купува 65.000 електрични возила од Polestar! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hertz купува 65.000 електрични возила од Polestar!

Глобалниот рент-а-кар гигант и EV огранокот на Volvo ја објавија својата соработка – Hertz во следните 5 години ќе купи 65.000 електрични возила од Polestar!

Партнерството меѓу Hertz и Polestar ќе резултира со огромна флота на електрични возила достапни за изнајмување од Hertz. Возилата ќе бидат достапни за изнајмување за физички лица, но и за деловни корисници, а ќе бидат достапни и за Rideshare возачи.

Според најавеното, Hertz прво ќе нарача примероци од Polestar 2 за својата флота. Со ова, Hertz сака да ја има најголемата флота на електрични возила во Северна Америка, а потоа и во светот. Електричните возила ќе бидат достапни за изнајмување веќе оваа пролет во Европа, односно кон крајот на годината во Северна Америка и Австралија.

Интересно, Hertz прогласни банкрот на почетокот на 2020, кога започна светската пандемија. Според некои извори, Hertz имаше долгови од 17 милијарди долари – но успеа да се врати на сцената со амбициозен и агресивен план за електрификација. Иако иницијално Hertz објави дека соработката ќе биде со Tesla, сепак тој план не успеа да се оствари.

Пред прогласувањето банкрот во 2020, Hertz во својата флота (само во САД) имаше околу 420.000 возила.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.