Opel нуди специјална акција за сите оние кои сакаат да купат ново возило, а не сакаат да чекаат месеци за испорака.
Opel подготви специјална понуда за оние кои сакаат да купат нов автомобил и се прашуваат дали навистина можат веднаш да го добијат своето возило – и одговор е одлучно „Да!“
Нашите пријатели од Еуроимпекс, Генерален увозник за Opel и нивната дилерска мрежа низ Македонија, добивме информација дека моделите Opel Corsa, Opel Crossland и популарната Opel Mokka се достапни со испорака веднаш!
„Во соработка со Шпаркасе Лизинг е изготвена посебна понуда која се однесува за возила од лагер, а со цел да излеземе во пресрет на нашите потенцијални клиенти, обезбедивме фиксна каматна стапка од 3,99% и дополнително на тоа трошокот за каско осигурување за овие клиенти е намален за 50%“ – велат од Еуроимпекс.
Звучи примамливо зар не? Бидете дел од германската иновација и уживајте во возењето со најновите технолошки системи за помош при возење.
Доколку сте подготвени за следниот, смел чекор напред со Opel посетете го линкот.
Извор: PR Opel