Ferrari ја откри првата фотографија од својот прв SUV – Purosangue! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari ја откри првата фотографија од својот прв SUV – Purosangue!

Италијанскиот бренд ја објави првата официјална фотографија од долгоочекуваниот SUV. Кажуваат дека многу од гласините се вистинити, но и дека не кои не се – и дека ќе дознаеме повеќе до крајот на годината.

Првиот SUV на Ferrari влече инспирација од SF90 и F8 Tributo, но во очигледно поробустен и SUV-ововски пристап. Сега за сега немаме никакви дополнителни информации, но познавачите кажуваат дека можеме да очекуваме V12 или твин-турбо V8 со повеќе од 700 коњски сили, а ние би додале дека не е исклучен ни некаков електрифициран модел кој ќе ги следи трендовите на електрификација.

Останува само да бидеме трпеливи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.