Срцето на новиот Mercedes-AMG GT Track Series е надградениот 4-литарски битурбо V8 кој во оваа конфигурација испорачува моќни 734 коњски сили и 850 Nm вртежен момент!
Дизајнот на AMG GT Track Series „строго ја следи филозофијата на високи перформанси“ – па голем дел од панелите се изработени од карбон, користени се супер-лесни легури и материјали – а сето тоа резултира со автомобил кој тежи само 1400 килограми. Новиот заден спојлер нуди уште повеќе потисна сила, а аеро-додатоците ги подобруваат аеродинамиката и ладењето. Според Mercedes-AMG, деталите на овој автомобил оддаваат почит на тркачката ДНК на AMG GT Track Series.
AMG GT Track Series е поставен на 18-инчни тркала – стандардна големина за GT тркачките автомобили. Тоа овозможува да се користат сите тркачки пневматици, како и врвни компоненти за сопирање. Секако, тука се и зајакнувањата на шасијата и доработките на суспензијата, кои во соработка со моќниот V8 гарантираат врвни перформанси. Кога сме кај 4-литарскиот битурбо V8 – благодарение на тркачки бризгалки и доработен софтвер, моторот (кој доаѓа од Mercedes-AMG GT Black Series) сега испорачува дури 734 коњски сили 850 Nm вртежен момент.
За време на дизајнирањето на ентериерот, инженерите на Mercedes-AMG посветиле многу внимание на намената на AMG GT Track Series – па од самиот старт, автомобилот е создаден да биде чистокрвен моторспорт автомобил и нема апсолутно никакви комфор елементи. За да се достигне таа бројка од само 1400 килограми, воопшто не биле побарани материјали за звучна изолација, внатрешни декоративни елементи или електрично-задвижувани прозорци. Нема потреба за такви работи кај тркачки автомобил.
Секако, Mercedes-AMG GT Track Series возилата ќе бидат максимално-ексклузивни. Ќе бидат произведени само 55 примероци, и сите ќе бидат склопени рачно во фабриката на Mercedes-AMG во Афалтербах. Оваа серија е дел од прославата по повод 55-годишнината на Mercedes-AMG – па ќе бидат произведени само 55 примероци.