Новиот знаменосец на електричната понуда на баварците ќе пристигне во Април.
На неколкуте објавени фотографии забележуваме интересни и несекојдневни детали. На предниот дел едноставно доминира големата маска (која кај i7 ќе биде осветлена). Фотографиите потврдуваат дека предните светла ќе бидат дводелни, односно дека ќе има еден тенок LED панел со кристали и еден LED панел со супер-напредни предни светлосни елементи.
Кабината добива нова интерпретација на iDrive кој баварците го нарекуваат BMW Theatre Screen – ултра-широк 31-инчен екран за задните патници кој се спушта од кровот и нуди „приватно кино“ во двиќжење. Интересна е одлуката на BMW да се пофкусира на патниците на задната клупа – но ова и не е толку чудно, со оглед на тоа дека во вистинските луксузни возила, вистински-важните луѓе се на задните седишта.
Според она кое BMW го објави за електричниот луксузен седан, можеме да очекуваме автономија која ќе биде меѓу 580 и 610 километри со едно полнење на батериите. Според Frank Weber, еден од членовите на одборот на BMW, новиот i7 ќе биде најмоќниот во гамата на Серијата 7 и „ќе ги комбинира најдоброто возачко искуство и ултимативното дигитално искуство“. Според некои извори, i7 ќе има батерија со капацитет од околу 120 kWh и најмоќата верзија ќе користи три електромотори за вкупна моќност од околу 750 коњски сили.
Премиерата се очекува околу 20-ти Април.