Урбаниот кросовер на Fiat – одличниот 500Х – сега е достапен и во врвно, Connect ниво на опременост.
Fiat 500X е редовна појава на нашите улици, а сега е достапен и во Connect ниво на опременост кое ги нагласува потребите на современите купувачи. Во листата на богатата опрема вбројуваме и автоматски двозонски клима уред, 7-инчен мултимедијален уред со Android Auto и Apple CarPlay поврзување, управувач и менувач обложени со кожа, загревање на предните седишта и загревање на ветробранското стакло, темпомат и многу многу повеќе. Дополнително, добива и 17-инчни тркала, како и Keyless стартување.
Изложениот примерок е со автоматски менувач (со можност за менување на брзините со лопатки на управувачот) и новиот 1.3-литарски турбо-бензинец кој испорачува одлични 150 коњски сили и 270 Nm вртежен момент, кои пак му овозможуаат на 500Х да достигне 100 километри на час за 9.1 секунда и максимални 200 километри на час.
За повеќе информации за 500X Connect, посетете ги продажните салони, официјалната веб-страница на Fiat или пак дигиталниот Carstore. Нашиот тест на Fiat 500X можете да го погледнете тука.