Kia Niro е најпродаван електричен автомобил во Јануари 2022 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia Niro е најпродаван електричен автомобил во Јануари 2022 во Европа

Најновите резултати на JATO Dynamics прикажуваат големи преместувања во Европската листа за продадени електрифицирани возила во Јануари.

За прв пат од нејзиното претставување, Kia Niro е на водечкото место со продадени 4,049 примероци. Популарноста на Корејскиот кросовер порасна како последица на пониската цена, поради пристигнувањето на следната генерација.

Втор најпродаван автомобил беше Renault Zoe, кој забележа вкупно 3,338 нови регистрации, додека на третото место заврши новиот Fiat 500 со остварени 3,276 продажби.

Четвртата позиција беше резервирана за Hyundai Kona, која се продаде во 3,203 примероци, а зад неа се најде Volkswagen ID.4 со продадени 3,146 автомобили.

На шестото место финишираше Dacia Spring, кој освои 3,138 купувачи, додека седмата позиција ја окупираше Skoda Enyaq со продадени 3,064 возила.

Во остатокот од табелата за 10 најпродавани електрични автомобили се најдоа и Hyundai iONIQ 5, Kia EV6 и Peugeot 208 со остварени 3,037, 2,987 и 2,782 продажби редоследно.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.