Утринска Гимнастика: Пристигнува четвртата сезона на Formula 1: Drive to Survive – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Пристигнува четвртата сезона на Formula 1: Drive to Survive

Netflix го објави трејлерот за четвртата сезона од познатиот документарен серијал Formula 1: Drive to Survive.

Документарниот серијал дава поширок поглед зачинет со повеќе драма кон неодамнешните случувања во Formula 1. Се чини дека покрај драматичната тркачка сезона, камерите на Netflix успеале да доловат и многу интересни сцени и интервјуа со возачите надвор од патеката.

Новата сезона на серијалот пристигнува на 11ти Март. Таман да ни ги исвежи сеќавањата пред новата тркачка сезона.

Погледнете ја најавата и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.