Европскиот Ranger Raptor добива моќен 3-литарски EcoBoost V6 турбо-бензинец со 288 коњски сили и 491 Nm вртежен момент!
Новиот Ranger Raptor ќе го препознаете по нагласените мускулести детали – од проширените предни и задни крила, до поагресивните браници и големите 32-инчни пневматици за сите терени.
Секако, суспензијата е дополнително доработена (со напредни Fox амортизери) за да издржи уште поекстремни терени, а и зголемено е и растојанието од подлогата. Ford Ranger Raptor ќе нуди седум различни режими на возење, како и четири различни режими на звук од издувниот систем.
Кабината добива спортски седишта, црвени шевови, управувач со загревање, амбиентално осветлување и многу, многу Raptor детали. Во листата на стандардна опрема се вбројуваат и Matrix LED светла, 12.4-инчен дигитален инструмент-панел и нов 12-инчен централен крена за мултимедијалниот уред, кој доаѓа со најновиот SYNC4 систем на Ford. Сакате добар звук? Ќе добиете и премиум аудио систем од B&O со 10 звучници!
Сепак, најинтересен новитет е токму моќниот 3-литарски EcoBoost V6 турбо-бензинец. Во Европа, овој мотор ќе испорачува 288 коњски сили и 491 Nm вртежен момент, но на други пазари ќе испорачува безмалку 400 коњски сили. Конфигурацијата во Европа е токму поради строгите еко-норми во ЕУ, но сигурни сме дека *кхм* ќе има опции за надградување.
Baja режимот за возење ќе доаѓа со фабрички анти-лаг систем кој ќе ги држи турбополначите „завртени“ до три секунди откако возачот ќе пушти гас, за максимална респонзивност. Силата се пренесува кон сите четири тркала преку преку 10-степен автоматски менувач.
Ranger Raptor се очекува да пристигне во текот на оваа година.