Маркетинг тимот на BMW го објави новото хумористично рекламно видео кое ќе го прикаже на овогодишниот Superbowl натпревар.
Во видеото главни актери се Арнолд Шварценегер во улогата на Зевс, како и Селма Хајек во улогата на неговата жена Хера. Приказната започнува со одлуката на Зевс да се пензионира од извршувањето на боговските должности на планината Олимп и да живее релаксиран живот во Американско предградие.
Што се случува понатаму, можете да погледнете во видеото подолу. Уживајте!