Најголемиот SUV во понудата на Opel – Grandland – добива Night Vision систем за подобра прегледност во ноќни услови.
Според Opel, Grandland е опремен со најсовремени технологии и системи за помош при возење кои го прават возењето поудобно, полесно и пред сѐ побезбедно. Една од овие технологии што посебно „сјае“ сега во зима кога е темно и видливоста е послаба, е „Night Vision“. Новиот Night Vision им помага на возачите на Grandland да ги забележат луѓето и животните порано во однос на конвенционалните систем.
Не само што новото лице на брендот – Opel Vizir – веднаш привлекува погледи, туку и паметно интегрира иновативни системи, правејќи ги практично невидливи за голо око и на тој начин беспрекорно ги обединува дизајнот и технологиите. Night Vision системот (кој е базиран на инфрацрвена камера) дебитира токму кај Grandland, а краткото видео покажува точно како тој функционира.
Night Vision” системот детектира луѓе и животни на растојатие до 100 метри, врз основа на нивната температурна разлика од околината.
Штом камерата ќе детектира пешак, велосипедист или животно на страна на патот, ја покажува нивната позиција во 12-инчниот информативен центар за возачот во дигиталната пилотска кабина Pure Panel. Лицето или животното пред возилото се означени во боја и јасно се разликуваат од околината. Со овој систем возачите на Grandland можат да препознаат потенцијално опасна ситуација неколку моменти порано и да ја прилагодат својата брзина или да преземат заобиколни активности навреме.