Ова се најпродаваните 100 автомобили во Европа во 2021 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова се најпродаваните 100 автомобили во Европа во 2021

JATO Dynamics ја објави листата за најбараните 100 модели во минатата година на стариот континент.

Најмногу купувачи од сите успеа да освои Volkswagen Golf, кој се продаде во вкупно 205,408 примероци. „Сребрениот медал“ беше резервиран за Peugeot 208 со регистрирани 196,869 примероци.

На третото место заврши Dacia Sandero со остварени 196,792 продажби, пред неговиот полуксузен „роднина“ Renault Clio, кој забележа 196,243 продадени автомобили.

Како најпосакуван кросовер на петтото место заврши Peugeot 2008, по регистрирани 194, 653 продажби, пред неговиот најдиректен конкурент – Volkswagen T-Roc, кој се продаде во вкупно 186,644 примероци.

Единствениот Јапонски претставник помеѓу првите 10 најпродавани модели – Toyota Yaris финишираше на седмата позиција со 182,590 продадени автомобили. Зад него се најде Opel Corsa со 180,643 продажби.

Деветтото место беше резервирано за Fiat 500, кој се продаде во 174,739 примероци, додека на десеттото место заврши Citroen C3 со 159,302 продадени возила.

Продолжетокот од листата за 100 најпродавани модели од 2021 во Европа можете да го погледнете во галеријата подолу:

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.