Регулаторна: Бензините и дизелот поскапуваат по денар и половина – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините и дизелот поскапуваат по денар и половина

Пристигна и новогодишната честитка од Регулаторната Комисија за Енергетика – од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ цените на нафтените деривати ќе се зголемат во просек за 2.17%.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата ќе се зголемат за по 1.50 денари. Соодветно на зголемувањата, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 75.00 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 77.00 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 65.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Насловна фотографија: Marko Verch



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.