Tesla Model 3 е најпродаваниот електричен автомобил во Ноември 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla Model 3 е најпродаваниот електричен автомобил во Ноември 2021 во Европа

Најновиот извештај на Jato Dynamics открива дека продажбата на електричните возила во Ноември е двојно зголемена во споредба со истиот месец од минататаа година.

Популарниот Tesla Model 3 продолжува со доминацијата во продажбата на електрични возила и во 11тиот месец од годинава, откако се продаде во вкупно 10,809 примероци. Како втор најуспешен модел се најде Renault Zoe со продадени 8,702 примероци.

Поефтината кросовер алтернатива Dacia Spring го освои третото место, со регистрирани 5,897 нови возила, додека зад неа заврши вториот модел од Tesla – Model Y со продадени 5,374 примероци.

Четвртата позиција ја зафати Skoda Enyaq, кој освои 5,143 купувачи, пред неговиот „брат“ Volkswagen ID.4, продаден во 4,784 примероци. Помалиот Volkswagen ID.3 заврши на седмото место, по продадени 4,757 возила.

Во останатиот дел од листата за 10 најпродавани електрични модели се најдоа и Peugeot 208 со 4,487, Fiat 500 со 4,250 и Kia Niro со 4,243 продадени автомобили.

Извор на табелата: @carindustryanalysis

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.